СДСМ денес го испрати мали Фрчко да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ..
Во ниту еден момент од СДС не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани.Во коалиција со ДУИ и Таравари, се обидуваат и оваа криза да ја претворат во алатка за да си собираат поени, а затоа што градоначалникот е од нивните редови не се осмелуваат да одржат прес-конференција за него.
Градоначалник кој вели дека не чувствува никаква вина, а и не успеа да се справи со кризата. Локалната власт таму доцнеше со секаква реакција и не интервенираше.
Граѓаните од гостивар добиваат секој ден над 60 тони вода и останати технички потреби од страна на СОЗР. ИЈЗ и Министерството за здравство предочи мерки и препораки за како да се справат со оваа епидемија.
Има и приведени од страна на надлежните и се работи на обезбедување докази кои ќе се достават до обвинителството, а се работи и на решавање на овој проблем.
СДС треба да им се извини на граѓаните што секоја криза, се обидува да ја претвори во тема од која ќе извлече нешто за себе, и веднаш да побара одговорност од Лимани.







Comments are closed for this post.