– Владата денеска донесе одлука за прогласување кризна состојба во општина Гостивар во рок од 30 дена.

Одлуката е донесена на денешната 195. седница, на предлог на Управувачкиот комитет, во состав: министерот за одбрана – Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски, министерот за здравство – Сашо Клековски, министерот за транспорт – Александар Николоски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување – Стојанче Ангелов, како и надворешните членови: министерот за животна средина и просторно планирање – Муамет Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Борче Серафимовски, директорот на СОЗР – Ивица Томовски, директорката на Институтот за јавно здравје – Марија Андоновска, директорот на АХВ – Оливер Миланов, директорката на Инспекторатот за животна средина – Ивана Гиновска и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на град Скопје – Орце Ѓорѓиевски.

– Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во општина Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување кризна состојба сè со цел побрза координација на институциите, како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење во најкраток можен рок – се наведува во соопштението на Владата.