Ако постои една лекција што ја научивме низ сите изминати години, тогаш тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ е најсилно кога е обединето. Ниту една функција, ниту една позиција и ниту едно лично несогласување не може да биде поважно од довербата што ни ја дава народот, истакна вечерва од Битола премиерот Мицкоски.

Нашата сила никогаш не била во поединците, туку во заедништвото и чувството дека припаѓаме на нешто поголемо од нас самите. Довербата не е сопственост на ниту една партија и ниту еден политичар, таа е позајмена од граѓаните и трае само додека работиме чесно, посветено и одговорно.