Шпанските фудбалери ќе имаат можност да станат светски шампиони по втор пат во историјата.
Во првото полуфинале во Далас, Шпанија ја победи Франција со 2:0 (1:0).
Црвената фурија ќе игра во финалето во недела против победникот од второто полуфинале во кое се среќаваат Англија и Аргентина.

Актуелните европски шампиони ја остварија победата со головите на Микел Ојарзабал во 22-та минута од пенал и Педро Поро во 58-та минута.
Иако резултатот можеби не го кажува тоа, Шпанија едноставно ја разби Франција. Најдобриот напад во претходниот дел од Светското првенство беше речиси невидлив, имаше само еден удар во голот.







Comments are closed for this post.