Екипата на тетовска Шкендија по ланската успешна сезона во еврокуповите и добриот рејтинг оваа сезона на стартот на има фаворитската улога и во првото коло ќе гостува кај Европа на Гибралтар. Резултатите од лани се обврска за добри резултати и во квалификациите.

–   Почнува новата европска сезона екипата е подготвена за новиот предизвик. Сите знаеме дека минатата беше фантастична за Шкендија. Најважно е што сите играчи ни се на располагање и немаме повредени. Тоа е одлична вест и за тимот и за стручниот штаб. Нормално дека го анализиравме и следевме противникот колку што можевме. Се работи за сериозен ривал кој ако му оставиш простор знае да казни. Хендикеп за нас е вештачката трева, но мислам дека колку побргу ќе се адаптираме на условите, толку подобро ќе биде за нас. Секогаш одиме на победа, ама тоа мора да го покажеме и на теренот“, изјави тренерот на Шкендија Артим Положани.

Почетокот на натпреварот што се игра на Европа Поинт стадионот е во 19:30 часот.