УЕФА издаде итно соопштение во врска со одлуката на ФИФА да го поништи црвениот картон на Балогун по повиците и притисокот од Доналд Трамп:

  • Вчерашната одлука за суспендирање за пробен период од една година на примената на автоматската суспензија од еден натпревар по црвениот картон добиен од играчот Фоларин Балогун претставува преминување на црвената линија – започнува соопштението на УЕФА и додава:
  • Фудбалот, како и секој друг спорт, се темели на правила кои се основа на фер, чесно и транспарентно натпреварување. Понекогаш правилата се отворени за толкување. Во овој случај – не се.
  • Минималната автоматска суспензија од еден натпревар по добивањето црвен картон не е прашање на дискрециона одлука, ниту пак бара потврда од надлежниот орган за да стапи на сила. Тоа е основен принцип вграден во прописите, кој не може да биде предмет на исклучоци, а особено не во средината на натпреварување во кое бројни други играчи во идентични ситуации правилно ја отслужиле својата казна.
  • Кога чуварите на правилата повеќе не гарантираат нивна доследна примена, интегритетот на играта е загрозен, а кредибилитетот на натпреварувањето е сериозно доведен во прашање. Во исто време, оваа одлука создава преседан за време на тековниот турнир, бидејќи од сега па натаму сите слични ситуации ќе мора да се третираат на ист начин, што може да му наштети на самото натпреварување.
  • Фудбалот е најпопуларниот спорт во светот затоа што е прекрасна игра, но и затоа што луѓето веруваат во него, затоа што се игра според истите правила насекаде. Ниеден турнир не е изолиран случај, а кога станува збор за Светското првенство, неговите одлуки имаат моќ да остават позитивни или негативни последици за фудбалот како целина.
  • Изразуваме целосно неверување во врска со таквата одлука, која е без преседан, неразбирлива и не може да се оправда – заклучи УЕФА.