Oваа недела во Истанбул се одржува НАТО самитот кој доаѓа во период на една војна на која и се гледа крајот а тоа е на Блискиот исток и една чии крај не се надѕира, а тоа е Украина.

Најголема новина е што на овој самит ќе се дискутира за формирање на НАТО банка

Што е НАТО банка

 

Инцијатор Банката за одбрана е Канада и има за цел да обезбеди околу 117 милијарди евра концесиско финансирање за зајакнување на одбранбените капацитети на сојузничките земји објасни Изабел Удон, главен канадски преговарач на иницијативата.

„Го поставивме самитот на НАТО како краен рок. Нашата цел е тогаш да го објавиме списокот на земјите основачи“, изјави Удон.

Се очекува банката да собере околу 117 милијарди евра концесиски капитал за зајакнување на одбранбените капацитети на сојузничките земји.

Вкупно 19 земји би можеле да бидат меѓу основачите на новата финансиска структура, а до 40 земји би можеле да ги користат услугите на банката, според претходните планови. Седиштето на институцијата би било во Канада, во еден од поголемите градови, додека европското претставништво, според претходните најави, треба да биде во Луксембург, пишува „Политика“.

Засега е непознато дали Македонија на било каков начин ќе биде вклучена во оваа инцијатива за формирање на НАТО банка.