Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на оваа година или на почетоткот на идната да биде ставен камен-темелник за проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10, кој треба да се реализира во рамки на Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија.
Соопшти дека физибилити-студијата е целосно завршена и е во фаза на ревизија, а во однос на финасиери за проектот рече дека има еден и оти јавноста бргу ќе биде запозната.
На новинарско прашање Мицкоски одгвоори дека не очекува „никакви турбуленции“ што би влијаеле врз реализацијата на проектот поради промените во британската влада.
Ние сме оптимисти дека до крајот на годината ќе поченеме со камен-темелник. Летово ќе поработиме на договорот со заемодавателот, со потенцијалните изведувачи ќе имаме компетитивен дијалог, така што очекувам, ако биде сè како што треба, или оваа година на крајот или рано на почетокот на следната. Не очекувам да имаме никакви турбуленции поради промените во британската влада. Сепак, тоа е сериозна држава и тукутака институционалоната меморија не се менува, приоритетите не се менуваат визави кадрите коишто се во владата, изјави Мицкоски







Comments are closed for this post.