Новиот Изборен законик влезе во собраниска процедура но неговото донесување е крајно неизвесно поради најавената блокада од СДСМ, но и од Левица. Овој закон е дел од реформската агенда на ЕУ и затоа е важно сите партии да ги усогласат своите ставови и барања.
Најважната промена која треба да произлезе од овој закон е што дијаспората треба да гласа по електронски пат. Владејачката партија смета дека е важно да им се овозможи на иселениците да бидат поврзани со матичната земја и да учествуваат во политичките процеси. Првично беше договорено гласањето за иселениците да важи од следните претседателски избори а потоа и за сите парламентарни, но не за овие кои ќе следат за најдодна две години. Иако СДСМ првично прифатија сега се спротиставуваат и на овој предлог.
Друга тема за која запнаа партиите се парите односно финансирањето. Како што дознава „Пресинг ТВ“, ВМРО-ДПМНЕ понудиле неколку решенија но ниту едно не било прифатливо за СДСМ и Левица. На крајот владејачката партија предложила да остане старото законско решение но одговор од опозицијата нема.
Иако СДСМ најави 10.000 амадмани, Изборниот законик се носи со просто мнозинство од 61 пратеник, но поради тоа што станува збор за т.н европски закон добро е да биде донесен со широк консензус од сите партии.







Comments are closed for this post.