Унгарскиот парламент го усвои 16-тиот амандман на Уставот, кој, покрај другите одредби, го ограничува максималниот мандат на премиерот на осум години, јави унгарската новинска агенција МТИ.

Амандманот, поднесен од пратениците на ТИСА, Мартон Мелетеј-Барна и Иштван Хантоши, беше усвоен со 135 гласа „за“, 50 „против“ и 6 „воздржани“.

Ова беше едно од предизборните ветувања на проевропскиот конзервативец Петер Маѓар, со што унгарските пратеници го спречуваат враќањето на власт на Виктор Орбан.

Новиот уставен амандман предвидува дека никој не може да биде избран за премиер доколку веќе ја извршувал оваа функција во траење од 8 години, дури и ако се работи за два непоследователни мандати. Осумгодишниот период важи за секој мандат почнат по 2 мај 1990 година.

Покрај тоа, со уставната измена се вклучува и одредба според која мандатот на премиерот мора да прекине доколку тој ја извршувал функцијата вкупно најмалку осум години.

Од највисокиот правен акт се брише и одредбата за формирање на таканаречената Канцеларија за заштита на суверенитетот. Избришаната одредба гласеше дека станува збор за „независно тело за заштита на уставниот идентитет“.

Понатаму, беше усвоен и нов уставен текст кој предвидува дека сите државни средства доверени на таканаречените Фондации за управување со имот од јавен интерес остануваат државна сопственост доколку одредена фондација биде ликвидирана. Ова важи како за самите средства, така и за сите приходи што тие ги генерираат.

Фондациите за управување со имот од јавен интерес опфаќаат специфични правни и економски структури создадени за време на владеењето на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Во моментов во Унгарија има 34 такви фондации кои контролираат значителни државни средства, вклучувајќи 21 универзитет, елитниот колеџ „Матјаш Корвин“ и Фондацијата на нобеловецот Ференц Краус, појаснува „Еурактив“.

Државата ќе ги преземе и сите права на основач, што значи дека може да ги затвори овие фондации доколку одлучи така, прецизира МТИ.

Деталите околу начинот на функционирање на овие структури, постапката за нивно затворање и јавните задачи што ќе ги извршуваат, ќе бидат уредени со посебен зако