Избран е конзорциум кој го предводи домашната компанија Гранит за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Ова е сигнал за целиот градежен сектор во Македонија и за целата држава дека можеме да градиме големи инфраструктурни проекти. Проектот Скопје-Блаце е исклучително комплексен проект. На него имаме пет тунели, имаме две галерии, 12 мостови или вкупно околу 40-тина објекти што претставува голем инженерски потфат. Очекувам да го изградиме за три и пол години, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Во продолжение интегралната изјава на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
Почнуваме изградба на нов автопат. Во текот на ова лето започнува да се гради автопатот Скопје-Блаце. Би сакал да ја информирам јавноста дека на денешната средба со директорот на Европската банка за обнова и развој, бевме информирани дека е завршена постапката за избор на изведувач за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Избран е конзорциум предводен од компанијата Гранит. После подолг временски период една домашна македонска компанија ќе гради голем инфраструктурен проект. Сметам дека е голем сигнал за целиот градежен сектор во Македонија и е голем сигнал за целата држава дека можеме да градиме големи инфраструктурни проекти. Проектот Скопје-Блаце е исклучително комплексен проект. На него имаме пет тунели, имаме две галерии, 12 мостови или вкупно околу 40 -тина објекти заедно со помалите објекти. Тоа е еден голем инженерски потфат, голем градителски потфат. Но, ќе докажеме дека како држава можеме да работиме големи проекти. Планираме Изведувачот да го заврши овој проект во рок од 3,5 години и за најдоцна 3,5 години да имаме автопатско поврзување од Скопје до Блаце, односно од Македонија до Косово и до Црна Гора. Овој Коридор е исклучително значен зашто Македонија ја поврзува со Косово и со Црна Гора, на дневна основа многу патници поминуваат по него, а со поврзувањето и со Косово и со Црна Гора се отвора уште едно пристаниште за македонскиот бизнис, за македонското стопанство, тоа е пристаништето во Бар. Драго ми е што во соработка со Европската банка за обнова и развој успеавме да го завршиме овој процес, да избереме Изведувач кој што сега треба да почне да работи на терен. Би сакал да се заблагодарам за поддршката на Европската банка за обнова и развој и искрено би сакал да се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски без кој што вакви големи големи инфраструктурни проекти не може да се работат и е невозможно да се работат, неговата визија и дневна посветеност носат резултати и Македонија целосно се трансформира. Благодарност и до министерката за финансии за целокупната поддршка во процесот на обезбедување на финансирање.
Нека е со среќа, за убаво почетокот на изградба на уште еден нов автопат и за брзо ќе се видиме на терен за почеток на градежните работи” – изјави Николоски.









Comments are closed for this post.