За поздравување е акцијата на МВР, се надевам Јавното обвинителство и судот во кратка дистанца ќе бидат на висина на задачата, истакна во своето гостување во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски на телевизија Алфа аналитичарот Милан Стефаноски, во врска со акцијата на Финансиската полиција во која беше уапсен поранешниот градоначалник на општина Карпош, поранешен пратеник, потпретседател на СДСМ и екс директор на Царинската управа Стефан Богоев.
-Стефан Богоев како градоначалник на Карпош и како директор на Царина и тогаш го следеа афери и криминални дејанија во кои тогаш медиумите го протажираа како човек кој сака да учествува во такви дејанија повеќе, помалку во политика и во развој на општината или на институцијата каде што ја водел. Во таа смисла тој профил не ми е спорен, односно очекувавме дека органите на прогонот еден ден ќе затропаат на неговата врата, изјави Стефаноски.
Според Стефаноски тука не треба да се застане и ова треба да биде почеток на расчистување на целата криминална мрежа.
-Тука не треба да се застане. Во крајна линија ова треба да биде почетокот на расчистување на таа криминална мрежа која гравитираше околу СДСМ, кои уживаа комплетна заштита во судството и обвинителството. Сепак ќе иницира и поширока мрежа бидејќи сигурно тоа сам не го правел, тие фази, односно херарсиска поставеност ќе заврши до врвот на таа политичка партија. Во таа смисла и од она што го видовме неофицијално на порталите дека учествува и едно лице кое беше најблизок во Прилеп на СДСМ и познат лик од криминалното подземје викан Џемо, смета тој.
Искрено ме радува ова вест како почеток или една кулминација во расчистување на тоа криминално милје, вели Стефаноски.







Comments are closed for this post.