Тој којшто клечи пред ГОСПОД и СВОЈОТ НАРОД, пред НЕГО клечи цел свет“
Колумната е одговор на баналните десетгодишни обвинувања кон Христијан Мицкоски од сиромашниот арсенал на есдесовците полн со глупости, но и јасна содржина и чисти пораки за оние коишто разбираат.
Сигурно некој ќе се запраша: Каква врска има словото на Светите браќа Кирил и Методиј со Разловечкото востание?
Има врска. Врска нераскинлива и не заборавена.
Секоја врска, без оглед на содржината или временската димензија, цврсто ги врзува настаните кои што емпириски се причина или последица за продолжување на сé што му се случува на еден народ користејќи се со докази, силни искуства, расудување, интуиција во разоткривање на намерите на непријателот. Така е и во случајот со овие два настани без разлика на милениумската временска дистанца.
Од тука, според мене, нема настан кој не е поврзан, а да при тоа не можеме да го искористиме во наша полза, колку и да изгледа апсурден и нелогичен.
Да се вратам на темата.
Присуствував да двата величествени настани посветени на чествувањето на овие првостепено историски денови, личности и протагонисти од битисувањето, вечно што ги поврзуваат минатото, сегашноста и иднината на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Имено, сé почнува со исти луѓе, личности од тогаш лулката на писменоста – цркавата, и во првиот случај овековечено во и со делата на сесловенските просветители браќата Свети Кирил и Методиј, поточно од СЛОВОТО, до водачите на РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ, сите до еден свештеници, протојереи, аџии, луѓе кои го посетиле ХРИСТОВИОТ ГРОБ и учители вдахновени од СЛОВОТО.
И во првиот случај СЛОВОТО го ослободи и го распламти духот на МАКЕДОНЕЦОТ и со Повикот за востание народот беше охрабрен да ја зграпчи личната и колективната слобода, сéнародна преку антологиската порака на водачот на востанието:
„ДОЈДЕТЕ СИТЕ ДА ВЕ ОСЛОБОДАМ!“
Пред оваа поврзаност и воспоставена трајна рамнотежа паѓаат во вода сите заблуди, а се афирмира онаа светски познатата:
Сите титули научни, доктори професори, академци, сите династички наследства, тирански моќници, назначени вазали и квислинзи, стануваат безначајни и бесмислени ако носителите на тие исти титули не се поврзани со ПАТРИОТИЗАМ и РОДОЉУБИЕ. Стануваат безвредни, празни, невидливи и во истиот миг на појавување исчезнуваат од колективната меморија на секој народ.
Ова е кристално јасно опишано во една старозаветна библиска вистина која гласи:
Човечкото суштество може и самиот ГОСПОД да го израдува, но од него често и ѓаволот дури се засрамува.
За голема жал, таа борба вечна помеѓу СПАСИТЕЛОТ и сотоната, денес се игра на наш терен, овде во нашата Татковина.
На сите повици за обединување и помирување на оној што го радува ГОСПОД, вие, од кои се срами и самиот ѓавол, продолжувате и засилено ги извршувате наредбите на нетемаго, вашиот тотем на обожување, кој носи само пакости и тоа секоја наредна е побрутална, поразединувачка, поразурнувачка.
Зошто малку не подзастанете, размислете, ако имате со што, и не се промените?
Зошто својот бес заради вашата немоќ и незнаење го оправдувате со силна омраза кон оние коишто знаат, умеат и испорачуваат добрина.
Сé додека сте такви СТАТУС КВО, зелени ќе останете длабоко во тешка заблуда и ќе упропастите генерации со своето незапаметено и досега невидено опструктивно дејствување против сé што е свето, а при тоа после скоро еден век повторно да сте мизерни креатори на една нова изгубена генерација.
Изгубена генерација, не во нашите редови, за која нашата загриженост е силна затоа што тие духовно осакатени млади луѓе, од вас непрокопсаните, се голем товар за нашето општество, за жал неповратно оддалечени и онеспособени засекогаш да застанат на здрави нозе, не развивајќи разумна свест остануваат неспособни за да станат корисни граѓани.
Почитуван Читател!
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Разловци го прими заслужено Востаничкото знаме, со што го потврди она што од самото негово појавување и партиско политичко дејствување, дека многу одамна го заслужи епитетот ВОЈВОДА.
Со неговата антологиска изјава, една недела после тоа, на чествувањето на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, која гласи:
И да кажам дека нема пари, нема моќ и нема причина поради која би го предал мојот (сопствениот) народ или би направил нешто, било што, на негова штета.“,
духовно го реобликува и во вистинска светлост го претстави современиот ДУХ на МАКЕДОНЕЦОТ што се потпира на непокор, борба, жилавост но и на знаење, со што пак нашиот човек го воздигнува во културно просветно, воспитано, солидарно движечко благо ветре што носи убаво време.
Ве повикувам да се обединиме, во заедништво да станеме силни и непобедливи. Добредојдени Сте Сите.
Ние сме демократи и сме спремни да ви помогнеме во вашата ренесанса на духот. Ако не сакате, други не ни се потребни, нерафинирани.
Доволни сме ние и за вас да се грижиме, еднакво како и за сите други. Но, немојте да продолжите со вашите предавства.
Ова се клучни историски значајни мигови за нашиот опстанок.
Тоа ни дава за право да не бираме демократски и цивилизациски начини и средства за со вас да се пресметаме.
Макар, при таа борба да бидеме и безмилосни.
ОД СЛОВОТО ДО ВЕЧНОСТА – МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА







Comments are closed for this post.