Вкупната бруто-произведена електрична енергија во март 2026 година изнесува 531.062 МWh, што претставува 79,6 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија.

Во март годинава се потрошени 667.016 МWh електрична енергија, 16.222 мил. нм3 природен гас, 289 340 тони јаглен и 75.475 тони нафтени продукти.

Потрошувачката на природен гас е намалена за 68,1 % како резултат на намалената активност на когенеративните постројки, а за 14,7 % е намалена и потрошувачката на нафтени продукти.