Легендарниот југословенски бренд се враќа на големата сцена! Српски претприемач од Германија, Александар Бјелиќ ги купи правата за името Југо и на конференција во Белград ги откри деталите за проектот, кој е широко објавен во германските и австриските медиуми. Главниот адут на новиот модел, чиј дизајн го потпишува Дарко Марчета од Зрењанин, ќе биде прифатливата цена – целната цена е околу 12.000 евра.

Под хаубата се крие хибриден погон со технологија за проширување на опсегот. Бензинскиот мотор ќе служи исклучиво како генератор што ја полни батеријата, што значи дека нема кабли и нема долги чекања на полначи. Новото Југо ќе троши како запалка – само 2,2 литри на 100 километри. Првиот функционален прототип ќе биде официјално претставен во 2027 година на изложбата EXPO во Белград.Ниската цена од 12.000 евра веројатно ќе ја брка производството во Кина, додека маркетингот ќе игра на картата на носталгија кај дијаспората низ цела Европа.







Comments are closed for this post.