СДСМ не може без српската врска. Откако веќе подолго време тимот предводен од Зоран Башановиќ ја крои ПР стратегијата на „Бихаќка“ сега тоа излегува на виделина уште поочигледно. Деновиве СДСМ излегува со кампања најавувајќи некаков „Фронт за вистина и правда“ каде се објавуваат некакви скандали за корупција.

Забележително е логото на оваа кампања, а тоа е стисната тупаница, речиси иста како на движењето „Отпор“ во Србија, создадено од креаторот на Шарената револуција во Македонија Срѓа Поповиќ.

Што беше „Отпор“

„Отпор“ беше движењето кое се формираше во средината на деведесеттите години во Србија со цел симнување на Слободан Милошевиќ од власт. Врвот го имаше во 2000 година кога српскиот претседател беше симнат од власт. „Отпор“ потоа се претпопи во Демократската партија која дојде на власт, а Поповиќ почна да го продава рецептот за симнување од власт на демократски избрани влади во Украина, арапските земји, како и во Македонија.

СДСМ-ДВЕРИ

Не е прв пат СДСМ да позајмува лого или име на кампања. Тоа се случи и за време на Шарената револуција кога имаа ист слоган како ултра десничарската партија од Србија „Двери“. СДСМ одеше со слоган „За живот во Македонија“ а Двери претходно повикуваше на „За живот у Србије“.