Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција изјави дека Зоран Заев и Венко Филипче ги избришале одлуките на АСНОМ со кои е конституирана модерната македонска држава.

Како што истакна Манасиевски, за Заев и Филипче, националното понижување е гордост.

Заев и Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ, го променија знамето, името на државата, а сега на ред им се јазикот, идентитетот, културата и историјата.

Заев и Филипче се ставени на услуга на Бугарија поради уцени од група бугарски политичари поради нивното криминално минато.

За Зоран Заев и Венко Филипче терминот „северномакедонци“ е гордост и успех на нивната политика која не доведе да бидеме држава со која другите се потсмеваат, потценуваат и не гледаа како потчинети.

Од тие причини граѓаните им пресудија на 4 изборни цуклуси по ред, а на следните избори ќе добијат црвен картон и ќе исчезнат од политичкиот спектар во Македонија“, изјави Манасиевски.