Жељко Ражнатовиќ Аркан бил спасен од долгогодишен затвор во Хрватска и веројатна смрт од страна на српската ДБ, која го трампаше за Невенка Туѓман, најмладото дете и единствена ќерка и миленичка на поранешниот претседател на Хрватска Фрањо Туѓман.
Кога Аркан бил уапсен за шверц на оружје, Невенка во тој момент живееше во Белград. На нејзиниот татко му било кажано од Белград преку разузнавачки канали дека Аркан мора да се „врати во Белград, во спротивно Невенка никогаш нема да ја види Хрватска.

Така таа била искористена како адут за Аркан да биде ослободен. Штом Аркан излезе, Невенка тргна кон Загреб – Аркан беше ослободен многу брзо по итната постапка на Туѓман. Судијата го ослободи веднаш по пресудата на 14 јуни 1991 година бидејќи пронајде административен проблем што Аркан не можеше да оди во затвор бидејќи мораше да ја прими поканата за да ја издржи казната на домашна адреса.







Comments are closed for this post.