Поранешниот капитен на бугарската репрезентација и долгогодишен претседател на Фудбалската федерација на Бугарија (БФУ), Борислав Михајлов, почина денеска во Софија, на 63-годишна возраст.

Михајлов беше хоспитализиран од ноември минатата година, кога доживеа мозочен удар, а последните неколку недели беше во кома.

На Светското првенство во1994 година, Михајлов беше голман на бугарската репрезентација што стигна до полуфиналето и на крајот заврши на четвртото место, што е најголем успех во историјата на бугарскиот фудбал.

Во националниот дрес настапи и на мундијалските турнири во Мексико во 1986 година и во Франција во 1998 година, како и на Европското првенство во Англија во 1996 година.

Михајлов за Бугарија одигра вкупно 102 натпревари, од кои на 60 ја носеше капитенската лента.

На чело на БФУ беше од 2005 до 2019 година и од април 2021 до ноември 2023 година