Како што дознава Курир,рс популарниот пејач Аца Лукас бил приведен од граничната полиција во Гетеборг.

Лукас требало да одржи концерт вечерва заедно со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гилет Јашарспахиќ.

Приведен за време на гранична контрола

Ситуацијата се случила на аеродромот, каде што надлежните органи ги провериле патниците. Додека Раста и Гиле без проблеми ја поминале пасошката контрола и влегле во Шведска, на Лукас, од засега непознати причини, му е забранет влез во земјата.

Извори блиски до случајот тврдат дека пејачот бил приведен на понатамошно испрашување, по што е донесена одлука да не му се дозволи влез.

Извор Курир.рс