) – Организаторот на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство меѓу селекциите на Данска и Македонија соопшти дека од почетокот на следната недела ќе почне со дистрибуција на влезниците.
Сите оние кои купиле билети за секторот кој е предвиден за навивачите на македонската репрезентација од понеделник на своите електорнски адреси ќе ги добијат влезниците.
– Според последните информации во продажба има уште мал број на билети и сите оние кои немаат обезбедено влезница, а сакаат да ја бодрат репрезентацијата на Македонија на дуелот до Данска во Копенхаген може да купат, објави ФФМ
Полуфиналниот бараж натпревар меѓу репрезентациите на Данска и Македонија се игра на 26 март на „Паркен стадионот“ со почеток во 20 часот и 45 минути







Comments are closed for this post.