Војната во Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец очекувано донесе зголемување на нафтените деривати во повеќето земји во регионот. Од пресметките што ги направи „Pressing TV“ , Македонија се уште има најевтини дизел споредено со земјите во опкружувањето и Европа.

Во Словенија дизелот се продава по околу 1,46 евра за литар, во Хрватска околу 1,51 евро, додека во Грција цената е околу 1,57 евра по литар.

Србија има регулирана неделна цена и таа моментално изнесува 203 динари по литар, што е приближно 1,73 евра. Највисока цена меѓу анализираните земји има Албанија, каде дизелот достигнува околу 1,80 евра по литар.

Со денешните цени, во Македонија литар дизел се продава за 85 денари, додека во соседна Србија е 203 динари, односно 106,4 денари. Во Хрватска литар дизел чини 95,4 денари, во Словенија 89,8. Во Црна Гора дури 91 денари, Унгарија 97, Косово 1,55 евра.

Кај јужниот сосед литар дизел чини 94 денари, додека во Албанија 1.8

Податоците се базирани на најново јавно објавени вредности достапни денес, 10 март 2026:
за Словенија, Хрватска и Грција – неделниот Oil Bulletin на ЕУ, објавен на 5 март 2026, со цени за 2 март 2026;
за Србија – државно соопштение и цена од 203 RSD/л што важи до 13 март 2026;
за Косово – официјален опсег на малопродажни цени 1.39–1.55 €/л, објавен од министерството;
за Албанија – последно јавно објавена цена од 173 ALL/л, од ажурирање за 2 март 2026.