Ова се денари. Официјална валута на Република Македонија. Ги гледам да видам дали се наменети за Македонци, Албанци, Турци, нигде не пишува. Ноо, така не мисли Aрбен Таравари. Откако политички веќе не вреди ни пет пари, го употреби стариот добар рецепт, подгревање на национализам и етнички теми, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Е тој Тараваари најави дека ќе побара фискална конфедерација. Во превод сакал да се знае кои пари биле наменети за Албанците а кои за Македонците. Со фискалната децентрализација немало да се мешаат парите кои биле наменети за албанските општини. Прво, не постојат албански општини, туку општини во кои живеат Албанци. Албански општини има само во Албанија. Фискална конфедерација, каква што бара Таравари нема ниту во Швајцарија која е вистинска конфедерација,. Таму швајцарскиот франк е ист за сите граѓани на Швајцарија, дури и за албанската дијаспорра, бидејќи швајцарска национлност не постои.
Таравари е добар лекар за кој убаво мислење имаат и Македонците и Албанците. Помагал на сите без разлика на националноста. Но едно е Таравари докторот од Арбен политичарот.

Е тој Арбен политичарот, додека беше градоначалник на Гостивар и министер за здравство плата земаше од македонските даночни обврзници и од Буџетот на Македонија. Што не се побуни тогаш дека сака да прима плата само од Албанците и парите да не се мешаат. Еве прифаќаме да не се мешаат парите на Македонците и Албанците. Таравари може да зема плата онолку колку што Албанците платиле даноци во Арачнново, Тетово, Гостивар, Липково. Само да не му бидат малку тие пари.

Туку да го прашам со какви пари ја купи куќата во Тафталиџе, со албански или со македонски? Ова е исто како во една фамилија жената да каже дека нејзините пари се само нејзини а парите од сопругот се заеднички.
Арбен за да не утеши вели дека фискалната децентрализација не значела и територијална. Уф ми олесна, територијалната ќе дојде за неколку години.
Таравари во моментов нема ниту партија, и се претставува како некакво крило на Алијанса откако Села му го зема печатот, ама и чаламот. Ама желбата за власт пак го спои со Села. Новата мисија на Арбен и Зијадин е покрај парите, и Сејф Сити да не казнува Албанци. Што нема на човек да му текне само пак да биде во центарот на вниманието. За жал и му успева.
Откако власта заплени околу 40 тони марихуана во СДСМ останаа без материјал за работа
Паника на Бихаќка. Откако власта заплени околу 40 тони марихуана во СДСМ останаа без материјал за работа. Најпогодени се сигурно Фрчко мали и екипата околу него. Најголем дел од одземената марихуана е од струмичко. Да не сте изнемадени? Да, најголем дел од ганџата е од магацините на фирмата Медплант ДОО од с.Борисово . Ви значи нешо името. Ни мене. Основач на фирмата е Христијан Котев, син на Тони Котев , поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново Село и човек близок до Заев. Е тој Котев и Филипче се знаат само од телевизија.
Тоа, ќе се сликаш со некого а појма немаш кој е. И кој вика дека СДСМ не си стои на зборот. Си стојат и тоа како. Ветија дека Македонија ќе ја расцветаат како пука и остварија, Ја расцветаа со 40 тони пупки цвет од канабис кои сакаа да го продаваат како корнишони и бостан на пазар во Горњи Милановац.
Се јави и вториот човек на НАТО Радмила Шекеринска да го пофали воениот сојуз меѓу Косово, Албанија и Хрватска. Јак колку што знам Косово не признаена држава од неколку членки на НАТО, а згора на тоа според Резолуцијата 12 14 на Обединетите нации не ни смее да има војска. Што би рекол претседателот на Србија, Александар Вучиќ кога Шекеринска ќе се појавува кажува малку но глупо, а згора на тоа и надвор од секаква логика. Наместо да чепка теми кои се осетливи за секого на Балканот, како што се формирање на воени сојузи, Рада е подобро да каже што барала во Специјалното јавното обвинителство заедно со Заев да носи материјали како што откри поранешната обвинителка Лејла Кадриу. Демант од Заев досега немаше. Туку ај Зоки не знае кај поправо да реагира, дали за дрогата или за СЈО. Ама ни од Рада нема никаква реакција. Туку ајде, што ќе демантира, таа е од големото добро утро.







Comments are closed for this post.