Pressing TV
  • Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
четврток, 12 февруари 2026
  • facebook
  • twitter
  • youtube
  • Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

Почнаа вонредните контроли на фирмите што произведуваат медицински канабис, ќе се проверуваат 43 лиценци

12.02.2026 / 12:56
Share this...
Share on Facebook
Facebook
Pin on Pinterest
Pinterest
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Почнаа вонредните контроли на фирмите што произведуваат медицински канабис, ќе се проверуваат 43 лиценци

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска соопшти дека почнаа контролите на сите фирми за производство на медицински канабис. Како што рече на прес-конференција, ќе мора да се проверуваат 43 лиценци.

Донесена е, потсети Алиу, и владина одлука за именување членови на Меѓуресорската комисија.

Од денеска почнуваат вонредните контроли, заедно со МВР. Најверојатно додека трае оваа прес-конференција, колегите се на терен. Ќе мора да се проверуваат 43 лиценци за производство на медицински канабис. Завчера на владина седница се донесе одлука за именување членови на Меѓуресорската комисија. Човек од Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со неа. Била креирана во 2017 година, а не најдовме ниту еден извештај од нејзината работа иако е една од клучните за да имаме увид што се случува во однос на производството на канабис за медициснки цели, истакна министерот.

Алиу објасни дека засега има две комисии, едната составена од Министерството за здравство, која работи во континуитет, и уште една – меѓуресорска.

Едната комисија ја креира МЗ, брои пет члена – двајца од Министерството, еден од Институтот за јавно здравје, еден од МАЛМЕД и еден од МЗШВ, а надлежна е за две работи – да ги анализира административните процедури и да дава согласност за лиценци. Оваа Комисија си работи во континуитет и имаме информација колку предмети се архивирани. Другата е меѓуресорската, со многу пошироки ингеренции, која ги анализира политиките за овој тип процеси. Меѓуресорската е според Законот за Влада и мислам дека има 13 члена. Креирана е во 2017 година, била активна од тогаш, но нема ниту еден извештај, нема активности кои укажуваат на некој пропуст – системски или од аспект на инфраструктура. Во однос на правилниците, има два, еден стар и уште еден. Нашите експерти од Министерството за здравство и двајца универзитетски професори ги анализираа. По анализите, ако има потреба, ќе излеземе со постапка за правилниците, истакна министерот.

Алиу информира дека во вторникот, на владина седница, побарал законски измени што ќе му овозможат на министерот во вакви случаи да има ингеренции да креира повеќе од една комисија.

Една комисија ќе треба да направи сега анализа и да доставува извештаи. Кога се креира закон, мора да се креира и инфраструктура за имплементација на тој закон, подвлече Алиу.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Pin on Pinterest
Pinterest
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Categories: Хроника Ознаки: топ, марихуана

Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Најнови вести

Македонија

Стефановски: Jавна тајна е дека и фамилијата на Заев се занимава со бизнисoт со марихуана

пред 29 мин.
Хроника

Почнаа вонредните контроли на фирмите што произведуваат медицински канабис, ќе се проверуваат 43 лиценци

пред 4 часа
Македонија

Мицкоски очекува убава вест од САД за Македонија: Тарифите за 64 стратешки производи ќе се намалат на 0 до 6 проценти

пред 4 часа
Македонија

Со уставни измени за Ромите да нема возачки, а за Албанците „Сејф сити“

пред 10 часа
Македонија

Цветановски: Кадриу го потврди она што се случуваше во СЈО – притисокот врз мене почна по Бонусите

пред 1 ден
Хроника

МВР има право да одземе возило од лице што нема возачка дозвола, за конфискација одлучува Судот

пред 1 нед.
Хроника

Пожарникарите во „Пулс“ дошле веднаш и извлекувале тела на скалите

пред 1 нед.
Хроника

Почна „Сејф сити“ со казни, нема веќе опомени

пред 2 недели
Хроника

Две кривични за еден ден, не е лошо: Пријави за Бислимовски и Дехари од Кичево

пред 2 недели
Хроника

Од колку далеку фаќа камерата на „Сејф сити“?

пред 2 недели
Хроника

Газда Деко им давал пари на келнерите од „Пулс“ во кеш

пред 2 недели
Хроника

Oва се цените на казните со „Сејф Сити“

пред 2 недели
Хроника

Топаловски за казните со „Сејф Сити“: Брзо возење, црвено светло, нерегистрирани возила и лошо паркирање

пред 3 недели
Хроника

Oва се прекршоците што ќе се казнуваат од први февруари

пред 3 недели
Хроника

Ќе му биде ли одреден притвор на судијата Ристов?

пред 3 недели
Pressing TV
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Важни информации за корисниците
  • Контакт

© 2018 Pressing TV