Поранешната специјална обвинителка Ленче Ристовска се пожали дека своевремено била казнувана од нејзината пефица Катица Јанева бидејќи ја сметала за „вмровка“. Обвинителката за „Телевизија 24“ истакна дека етикети добивала и од СДСМ , не само од ВМРО ДПМНЕ, но не одработувала за никого и не молчела во времето на власта предводена од СДСМ.

„Јас во времето на СДСМ имав етикета дека сум „вмровка“, бев етикетирана дека јас сум обвинителот во СЈО кој што е „вмровец“. Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, сега јас наеднаш сум машата на Заев, јас сум таа „сдсмовка“ која што стои во први борбени редови. Притоа сите забораваат и некако станало непоимливо во нашата држава дека некој може да нема партиски афимилации, дека може да биде професионалевц и да си ја работи работата во насока на јавниот интерес. Јас не сум молчела никогаш, јас на Катица Јанева ѝ се спротиставив, затоа бев казнувана, ме тргна од јавност, ме снема од прес-конференции. Катица беше најмоќна жена во тој момент и ништо друго немаше да има таков видлив ефект како моето отсуство“, кажа Ристоска во дебатната емисија.