Дали конечно доаѓа време за ќорка. Обвинителството се разработе. Откако го спакуваа во притвор судијајата со парите во зид, изминатата недела стигнаа и две нови кривични пријави, вели авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Кривична доби претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски. Не постои човек што не го смоменува, не за арно се разбира, кога ќе им дојдат сметките за струја. Е тој Марко на фирмата „Триетол Петрол“и ја од зел лиценцата после година и половина и со тоа им овозможил да заработи 230.000 евра. Знаете чија е оваа „Триетол Петрол“. На Ѓаволот, а Бислимовски кон нив се однесувал како адвокат на Ѓаволот. Ви текнува кој беше Ѓаволот, оној де со 50.000 евра поткуп кој ги дал во Апелација преку неговиот адвокат Фехми Стафа. Во Алелација пак еден од судиите е и овој со парите во ѕидот. Како се вели кругот е мал а во него сме сите.

Со кривична може да се пофали и поранешниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари. Не може да не ви текне кој беше тој, оној што се сликаше под знамето на УЧК со вториот човек на НАТО. Е тој Фатмир на четворица вработени во општината им дозволувал да не доаѓаат на работа а да земаат плата со што го оштетил општискиот буџет за 130.000 . Па што има да доаѓаат на работа кога се Албанци. Во Кичево досега беше доволно да си Албанец и се ти беше дозволено. Сега веќе не е така.

Тукууу, обвинителство, до каде е кривиична пријава за поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за злоупотреба на службената положба. Оли неколку месеци одбивал да и го одземе овластувањето на станица за технички преглед од Сарај. Ај што станицата си направила профит од стотина илјади евра туку тоа го сторил веднаш по несреќата со автобусот на Беса Транс. Да во „Виа Комерц“ технички преглед како исправен поминал и автобусот на Беса транс кој во Бугарија се запали и живи изгора 45 македонски траѓани. Ајде , охрабрете се, не ви е веќе Коцевски..

Ги знаете двајцата другари Љуљзим и Идриз Тие се знаат од мали, некогаш беа скарани заради пуста политика, ама сега пак се блиски. Како брача. Ги спои љубовта кон колите и камерите. Љуљзим живее во Чаир и вози Голф тројка. Секој ден кога иде на Кванташки по нова роба го фаќа камерата и го казнува само затоа што е Албанец. Камерата му ја препознава колата на која се мрда раче на шал таблата и виси знаменце од УЧК и одма казна 15 еура.

Прва казна на раскрзницата кај Мавровка, втора кај Автокоманда. Гледа Љуљзим во својата Нокиа 3310 ама не може да ја прочита пораката пошто не се разбира многу во мобилни. Ако нешто му се измести го вика на помош внукот Селим. Тој е цар за телефони и компујтери. Ама па една беља оди по друга. На Љуљзим му цркнува ламелата на Голфот и го викна другарот Идриз кој живее во Арачиново да одат до Тетово да најдат половна ламела под рука. Фискална не бараат, таму сервис Башким ќе им ја наплати у кеш. Тргнуваат со Мерцедесот на Идриз кој го купил од Немачка, 20 години стар, има поминато само 100.000 километри, баба го возела. Се возат така другарите во мерцедесот и кај Глумово на мобилниот кај Идриз стига порака за казна дека наместо 50 возеле стотка. Тогаш им пука филм и на двајцата и решаваат да се жалат у партија, каде се многу јаки ,камерите да се тргнат. Под итно. Каква е оваа дискриминација брее.

Во реалниот живот Љуљзим и Идриз би биле Зијадин Села и Арбен Таравари. И тие како овие двајца ,измислени ликови беа скарани ама сега пак си намигнуваат и си праќаат ишарети. Нив ги спои љубовта кон власта. Колку љубат да се во власт тоа е чудо. Села и Таравари поднесоа инцијативи до Уставниот суд за да се укине проекттот „Сејф Сити“ кој има за цел да го спречи дивеењето по улиците без разлика дали од Македонци или Албанци. Ама не , Села и Таравари сметаат дека камерите биле тенденциозно наместени само во градови каде што живеат Албанци.

Еве да ги прашам, ако камери се поставеа прво во Пробиштип, Виница и во Делчево, дали ќе се бунеа до Уставен?

Уште велат дека казните морале да стигнуваат на домашна адреса и Албанците немале обврска да имаат мобилен и и мејл.

Па кој денеска нема мобилен и и мејл. Дури и Идриз и Љуљзим имаат мејл. На хот маил, со мајмунче

 

За крај на овие пет минути да прашам. До каде е жалбата на Филипче до ЕУ што ја најави за токсичните наслови против него. Да не ја прати по овиe шофериве што штрајкуваа на граница или пак Брисел му ја врати зошто немал таксена марка.