Во воениот пекол на Гуљајполe во областа Запорожје, во урнатините на едно уништено засолниште, еден украински војник, освестувајќи се откако бил застрелан, извршил чин што ги надминува границите на војната.
Забележувајќи ранет руски борец во близина, тој не го довршил, туку му пружил помош.
Се разбудив и слушнав неколку извици на болка. Ја свртев главата, а еден млад човек лежеше во близина… Реков: „Дали си Русин?“ Тој рече: „Да.“ Реков: „Па, јас сум Хохол (погрдно за Украинец)“, изјавил војникот.
Тој го запрел крварењето и го преврзал ранетиот руски војник, по што му дал лекови против болки.
Тие двајцата заедно чекале да пристигнат руските трупи. Украинскиот војник, доброволно се предал на руските вооружени сили што се приближиле, по што тој и рускиот војник добиле медицинска помош и биле извлечени од урнатините каде што се сретнале.







Comments are closed for this post.