Joсип Броз бил голем гурман и љубител на храна. Сепак кога претерувал неговите доктори му ја препорачувале оваа диета.

Појадок: Црно кафе (140 мл), слатка павлака (20 г), бел леб (20 г) и путер (5 г)

Ужина во 11:00: Пилешки желудник во супа (100 г), бел леб (20 г)

Ручек: Гратинирани телешки гради (120 г) со масло (5 мл), печени компири (50 г), вргањ со оцет (20 г), зелена салата (30 г) и црвена зелка (30 г) со масло (5 мл), црн леб (20 г)

Десерт: Кнедли од сливи – сливи (20 г), компири (20 г), брашно (5 г), шеќер (5 г), 1/4 јајце

Ужина во 16:00: Јогурт

Вечера: Говедска супа (150 мл) со варено јајце, раженчиња од пилешко бело месо (50 г) и сафалада (40 г), помфрит (20 г) со масло (5 мл), салата од кисела зелка (50 г) и кисели пиперки (50 г) со масло (5 мл), јаболко (100 г)

Ужина во 21:00: Сафалада (150 г)

Вкупен дневен внес (приближно):

Калории: 1.605 kcal
Протеини: 101,3 г
Масти: 85 г
Јаглехидрати: 145 г