Како значајни активности што се реализираа минатата година во делот на капиталните проекти, министерот за култура и туризам ги посочи Турскиот театар, Универзална сала, театарот во Струмица, Куманово и киното „Партизан“ во Битола.
Обезбедена е нова документација и објавена е нова јавна набавка за реконструкција на Универзална сала; продолжи изградбата на Турскиот театар; деблокирана е изградбата на стариот театар во Струмица; а продолжуваме и со реконструкцијата на театрите во Куманово и во Битола, киното „Партизан“ во Битола се прави со забрзана динамика, завршена е првата фаза од санацијата на покривот на НУБ „Свети Климент Охридски“, додека санацијата на прокиснатите делови во НУ Македонски народен театар се одвива со засилена динамика“







Comments are closed for this post.