Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повлекува речиси 30 дипломати од кариера од амбасадорски и други високи позиции во американските дипломатски мисии низ целиот свет објави „AP“.
АП известува дека Африка е континентот најпогоден од промените, бидејќи сегашните амбасадори на САД таму ќе бидат повлечени од 13 земји: Бурунди, Камерун, Зелен ’Рт, Габон, Брегот на Слоновата Коска, Мадагаскар, Маврициус, Нигер, Нигерија, Руанда, Сенегал, Сомалија и Уганда.
Втората во оваа смисла е Азија, со промени на амбасадори во шест земји: Фиџи, Лаос, Маршалски Острови, Папуа Нова Гвинеја, Филипини и Виетнам.
Четири земји во Европа (Ерменија, Македонија, Црна Гора и Словачка); како и по две на Блискиот Исток (Алжир и Египет), Јужна и Централна Азија (Непал и Шри Ланка) и Западната хемисфера (Гватемала и Суринам).
Извор: АP







Comments are closed for this post.