Српското село Дојниче во близина на Призрен, исчезна засекогаш за еден ден во војната 1999 година.Седумнаесет цивили беа киднапирани, а нивните тела сè уште не се пронајдени.

Меѓу жртвите имаше девет постари жени.

Останките од киднапираните Срби сè уште не се пронајдени, а постои сериозно сомнение дека се во една од многуте масовни гробници во областа на Призрен. Покрај тоа, постојат индиции дека киднапираните Срби биле жртви на трговија со органи.

Со години, страдањето на невините цивили во Дојниче беше дочекано со целосен медиумски молк.