Брајан Волш пред неколку денови беше осуден на доживотен затвор за убиството на неговата сопруга, Ана Волш од Белград, која исчезна на 1 јануари 2023 година!

Брајан Волш беше прогласен за виновен за убиството на неговата сопруга, Ана Волш од Белград, а она што им го привлече вниманието на сите за време на изрекувањето на пресудата беше тоа што тој постојано се смееше и повремено гледаше со чудење без да гледа надолу ниту еден момент – тоа се виде во моментите од преносот во живо на американските медиуми.

На судењето присуствуваше и сестрата на Ана Волш, Александра Димитријевиќ.

  • Загубата на мојата сестра во јануари 2023 година ги промени нашите животи засекогаш и нè остави со неподнослива празнина. Се борам со тагата, надевајќи се секое утро дека сето ова е само ужасен сон – рече таа.

Да потсетиме, Волш претходно беше прогласен за виновен за убиство на својата сопруга, која исчезна на 1 јануари 2023 година. Како што беше наведено за време на судењето, Волш ја убил својата сопруга, ја распарчил и ги фрлил деловите од нејзиното тело во контејнери во близина на нивниот дом во Кохасет, Масачусетс.

Нејзиното тело до ден денес не е пронајдено.