Ракометарите на Вардар се подготвени за реваншот со Кристијанштад во Европската лига на ЕХФ. Токму шведскиот претставник минатата седмица му го нанесе првиот пораз на Вардар во тековната сезона во второто по квалитет клупско европско натпреварување.
„Црвено-црните“ во Кристијанштад имаа водство во последните две минути, промашија зицер во последниот свој напад, а потоа примија гол и загубија со 32:31.
Тренерот на македонскиот тим Иван Чупиќ ги искажа очекувањата и изрази уверување дека неговиот тим ќе се врати на победите.

-Нормално е кога ќе се изгуби да се анализира. Имавме два три дена добри подготовки за овој меч. Одиме на победа. Секогаш во „Јане Сандански“ ние сме фаворити. Апел до нашите навивачи да дојдат и да не бодрат. Со победа да се доближиме до освојување на првото место и потоа да видиме што понатаму. Одиме чекор по чекор. Сакаме да се вратиме на победничките патеки. Во Шведска направивме многу технички грешки. Една од работите што треба да ги коригираме се дисциплина и трпеливост во нападот, изјави Чупиќ.
И голманот Васил Гогов е убеден дека тој и неговите соиграчи имаат квалитет за да ги освојат двата бода.

Во пресрет на утрешниот натпревар закажан за 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, табелата во Ф-групата изгледа вака:
1.Кристијанштад 5 бода
2.Вардар 4
3.Сесвете 3
4.Тулуз 0.







Comments are closed for this post.