Премиерот Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања по одбележувањето на 25-години од основањето на Фондот за здравствено осигурување, рече дека 11 јануари е датумот кој најмногу одговара за одржување на повторените локални избори во Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше.
Од Собранието засега не го потврдуваат овој датум но нагласуваат дека извештајот од изборите е пристигнат и се очекува спикерот Гаши да ги закаже во законскиот рок. При крајот на јануари завршува и манадатот на актуелниот состав на ДИК.







Comments are closed for this post.