Екипата на Портланд трејблејзерс славеше на гостувањето кај Њујорк никс со 118-114 со што ја заслужи честа да биде самостоен лидер на Западната конференција во НБА лигата. Пред овој натпревар, „блејзерси“ беа изедначени со Мемфис гризлис и со ЛА Клиперс, но го искористија тоа што Мемфис синоќа паузираше, а клиперси загубија. Истовремено, со овој триумф Портланд е третиот најдобар тим во целата лига.

Како и вообичаено, лидери на Портланд беа бековскиот тандем Дејмиан Лилард и Си Џеј Мекколум, кои заедно постигнаа 60 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Голем удел во обезбедуањето триумф имаше и Еван Тарнер, кој на девет секунди до крајот и водство на Портланд од од два разлика погоди од офанзивен скок, со што ги згасна надежите на нујорчани дека во последниот напад би можеле евентуално да изборат продолжение или триумф.


Резултати од синоќешните натпревари

Њујорк – Портланд  114-118

Орландо – Торонто  91-93

Вашингтон – ЛА Клиперс  125-118

Мајами – Бруклин  92-104