Пред 8 години кога менувавме имиња и презимиња ни велеа дека сме „фронт ранери“. И кога ќе смениме име и презиме за 3-4 години сме во Европската Унија, тие 3-4 години изминаа пред 3-4 години. Кај сме ние денес? Онаму кај што бевме пред 25 години. Да го смениме Уставот најдобри ќе бидеме и уште ако може да не сме Македонци, да сме нешто друго – најдобри ќе бидеме, онака како што некој ни прави булинг и сака да ја стопира Македонија да напредува во Европската Унија – рече Мицкоски.

Тој потенцира дека оваа Влада нема да го дозволи тоа, нагласи денеска премиерот Мицкоски.