Песната „Очу мајко очу у градску чисточу“ од легендарните Рибља Чорба како да е пишувана за ова што го живееме во Скопје веќе неколку месеци.

Симболично, оваа песна беше на албумот „Пишање уз ветар“ што во слободен превод означува терање на инает. Кој ја прави онаа работа наспроти ветрот на крајот може да биде целиот намокрен. Утоп, коментира авторот на ТВ Колумната “5 минути со Чавез“.

Има ли поголем инает од ова што го прави градоначалничката Данела Аровска на скопјани. Се усмрдевме. Кај да е ќе фатиме колера или некоја друга болештија. Веќе нема место ни на тротоарите да го фрламе ѓубрето. Прв дојден прв услужен.Кој задоцни, ѓубрето ќе си врати дома, или може да го фрли на улица. Слободен избор. Комунална хигена била виновна, ене ги ги приведоа, , граѓаните биле криви, ВМРО биле криви. Големиот Бора Џорџевиќ уште на времето има напишано песна кој е виновен за ѓубрето.

Старите убаво рекле, многу поминало малку останало. Ќе ја издржиме уште неколку дена.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами си го покажа вистинското лице. Она што сите го знаевме дека е прикриен националист, плукнат Али Ахмети или Бујар Османи сега и го докажа. Откако помина провиот круг и приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ агитираа за него во Тетово и за Изет Меџити во Чаир сега вели дека во Кичево треба да се гласа за Дехари од ДУИ само затоа што е Албанец. УУУ јака препорака.Етничкото му било поважно од коалициското.

Што не го кажа ова пред првиот круг, или тогаш ти требаа гласови од Македонците? На Касами не сме му заборавиле што во 2021 година со неговите гласови го остави Заев да не тормози уште четири години а и дека во неговиот кабинет ги имаше сите знамиња освен македонското. Или се сеќавате кога Албин Курти го пречекуваше во Тетово со билборди , добредојде наш премиеру. Или кога бараше албанската химна да се пее во училиштата во Тетово. Народот памти.

На Али Ахмети по се изгледа ќе му преседнат гурабиите и кексите од пред избори. Полека но сигурно му спремаат пензија. И тоа неговите. Кога ќе видиш подобро пенззија во вилаетот во Зајас отколку на стари години да заглави на некоја црна листа или во Хаг кај другарите.

Дека Али Ахмети и Билал Касами се двете страни од иста паричка докажува и тоа што и двајцата се заљубени во српскиот свет. Го цитираат Газиместан и онаа славна реченица на Слободан Милошевиќ пред 35 години „вас нече нико да бије“.

Во СДСМ почнаа да паѓаат оставки. И наместо како што е редот прв оставка да даде Филипче тоа го направи Чомбе. Еден Чомбе има повеќе доблест да се повлече од градската организација на СДСМ отколку Венко. Заминувањето на Чомбе е загуба за СДСМ но радост за сите оние локални испичитури на Боемска еден и два. Сега ќе може да им се посвети по цел ден, коментира авторот.