Поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев на една недела пред изборите реши да го прекине престојот во Дубаи и да помогне во кампањата за локалните избори. Заев вчера беше во друштво на кандидатот за градоначалник на Струмица Марјан Даскаловски кој има помала поддршка и од „детето“ на Заев Костадин Костадинов, а да не говориме пред противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој ужива поголема поддршка кај струмичани.
Појавувањето на Заев меѓу струмичани се очекува да има контра ефект кај неговите сограѓани ако се знае искуството од минатите избори кога се појави на самиот крај на кампањата и придонесе СДСМ да доживее дебакл.
Comments are closed for this post.