По долг молк Уставниот суд конечно се одлучи да распрва за дузината поднесени иницијативи на негова адреса. В среда уставните судии ќе расправаат за иницијативата на „Левица“ за распишување н референдумот за договорот од Преспа закажан за 30 септември.

Доколку судот одлучи да ја оспори оваа одлука донесена од Собранието се доведува во прашање одржувањето на референдумот а со тоа и целиот договор со Грција.

Во иницијативата до Уставниот суд се вели дека одлуката не ги содржи сите законски предвидени елементи,  називот на прописот, образложение на прописот, референдумските прашања, видот на референдумот.

За Левица нејасен е видот на референдумот кој е распишан, одлуката е непотполна и спротивна на начелото на правна сигурност, а референдумското прашање е двосмислено и капциозно. Во иницијативата се вели дека не постои консултативен референдум за сојузување, а Собранието на РМ никогаш нема донесено формална одлука за членство во ЕУ. „Договорот“ за кој се гласа, се нагласува во Иницијативата, не е ратификуван во согласност со Уставот