Кандидатите за локалните избори денеска на третиот ден од кампањата ќе ги престават своите програми на митинзи и средби со граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Конче (16:30), Демир Капија (17:30), Неготино (18:30) и Кавадарци (20:30).

Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Конче (17:30), Кичево (18:30) и Македонски Брод (20:00).

Движење ЗНАМ, пак, ќе има промотивна конвенција на Градскиот плоштад во Куманово (19:00).С