Двајца инспектори на бугарската извршна агенција „Автомобилска управа“ беа уапсени поради барање мито од тимот на Роби Вилијамс кој завчера имаше голем концеет во Софија на стадионот „Васил Левски“. При претресите на нивните домови и канцеларии биле пронајдени околу 43.000 евра и над 5.000 лева.
Инспекторите се обвинети за корупција, откако на британските возачи на камиони, кои превезувале опрема за концертот, преку „Гугл транслате“ побарале и прифатиле мито. Според истражителите, двајца возачи платиле по 100 евра, додека од третиот биле изнудени 300 евра за да избегнат административни казни.
Comments are closed for this post.