официјалните претставувања пред гласачите. Изборната кампања започна денеска и ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври (втор круг 2 ноември). Освен на терен меѓу и со поддржувачите, кампањата е веќе започната и на социјалните мрежи.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изборната кампања за Локалните избори 2025 ја започнуваат вечер во Скопје на голем настан на кој ќе го промовираат кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Претставувањето на сите кандидати за градоначалници и носители на листите за советници се одржа во саботата во Штип.
Централниот настан на СДСМ и коалицијата вечер е во Крушево каде кандидат за градоначалник е Томе Христоски, а претходно нивниот изборен караван ќе биде во Демир Хисар и Могила.Тие вчера имаа претставување на сите кандидати на коалицијата што ја предводи опозициската партија.
Comments are closed for this post.