Со извици „УЧК, УЧК“ додека на видео бимот одеше видео на кое се гледаат инсерти од војната во 2001 година синоќа почна конвенцијата на Националната алијанса за интеграција – коалицијата која ја предводи ДУИ.

Конвенцијата се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а на неа коалицијата ги претставува своите кандидати. Кога приврзаниците на ДУИ се приближуваа кон салата од автомобилите мафта со знамиња на Република Албанија.