Последната телефонска анкета за на Институтот за политички истражувања Скопје, направена на потребите на МРТ во септември месец, во која анкетирани се 1000 испитаници покажа дека граѓаните прашани „За тоа која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори“  28.1% од испитаниците одговориле дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, Национална алијанса за интеграција 8.8%, коалиција Вреди 8.1%, СДСМ има 4% доверба, Левица 2.4%, а за Знам се изјасниле 2.3% од испитаниците.

На прашањето, „Која политичка опција сметате дека најдобро би се справила со проблемите во вашата Општина?“, дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ одговориле 23.6% од испитаниците, Национална алијанса за интеграција 9.1%, коалицијата Вреди 9%, СДСМ 4.8%, левица 3.1%, додека Знам 2.4%.