Саемот за мебел ќе се одржи од 9 до 14 октомври во комплексот ВИП Арена Борис Трајковски, а за полесен пристап дотаму ќе бидат пуштени две вонредни автобуски линии 100/1 и 200/1 со крајна постројка пред ВИП Арената.
Саемот ќе се протега на површина од 8.000 м2 со монтажни хали со еко-енергетски конструктивни елементи, двоен под и водоотпорни елементи. Ваквиот тип на хали, како што информираат организаторите, се позитивна пракса на организирање саемски манифестации во Милано, Келн, Минхен, Белград, Софија и Солун.
Над 70 изложувачи ќе ги претстават своите производи со низа попусти и поволности, а покрај домашните ќе учествуваат и изложувачи од Србија, Косово, Бугарија и Италија. Се очекуваат најмалку 30.000 посетители.
Годинава, во рамки на саемот ќе се одржат посебни едукативни настани важни за производителите и трговците на мебел, а во соработка со Факултетот за дизајн на ентериер за прв пат изложувачите ќе бидат оценувани според нови категории.
Билетите ќе бидат по цена од 100 денари, а групните посети по 50 денари.
Comments are closed for this post.