Најновата анкета на јавното мислење објавена вечерва на јавниот сервис, спроведена во пресрет на претстојните локални избори, покажува убедлива предност на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред опозициската СДСМ.
Истовремено, анкетата открива дека за огромно мнозинство од граѓаните, личноста на кандидатот за градоначалник е поважен фактор при одлучувањето отколку неговата партиска припадност.
ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од двојно поголем рејтинг од СДСМ
На прашањето за која советничка листа би гласале,
27.1% од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ би гласале 10.5%. Според рејтингот, потоа следуваат Националната алијанса за интеграција (ДУИ) со
9.6%, Коалицијата ВРЕДИ со 8.6%, Левица со 5.9% и ЗНАМ со 4.0%.
Дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на изборите очекуваат
29.8% од граѓаните, наспроти само 8.5% кои сметаат дека ќе победи СДСМ.
Кандидатот е поважен од партијата
Клучен фактор при изборот на градоначалник за гласачите е личноста на кандидатот.
Дури 62.2% од испитаниците одговориле дека карактерот и квалитетите на кандидатот повеќе влијаат на нивната одлука, додека за 24.5% поважна е партиската припадност.
Половина од граѓаните планираат да излезат на гласање
Според анкетата, половина од гласачкото тело планира да излезе на претстојните избори.
40.5% одговориле дека со сигурност ќе гласаат, а 10.4% дека најверојатно ќе гласаат. Сепак, загрижувачки е високиот процент на граѓани кои се уште се неодлучни или нема да гласаат. Вкупно
19.4% изјавиле дека нема шанси да гласаат, додека дури 24.7% одговориле дека не знаат или немаат одговор.
Comments are closed for this post.