Опозициската СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга, и во овие општини членовите и симпатизерите на СДСМ ќе ја дадат поддршката на оние кандидати на коишто најмногу им веруваат, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска одговараше на новинарско прашање, зошто во овие општини немаат кандидати за градоначалници.

-Во тие две општини и во другите општини, каде што ние практично немаме шанси за победа, со оглед на тоа што се мултинационални, други помоќни партии, јас го слушав гласот, пораката и желбата на партиските членови, еве на овој начин да се смени таа парадигма, да даваат поддршка на нивно барање на луѓето коишто најмногу им веруваат, коишто имаат капацитет да ја водат општината согласно Програмата, согласно личните познанства за да еднаш почнеме да размислуваме малку поинаку, малку надвор од политичката куќа во којашто се наоѓаме, вели Филипче