Елена Гунчева-Гривова, адвокатка од Пловдив и пратеник во бугарското Народно собрание од националистичката партија Преродба во 2021-2022, се загрижила дека наското сосем легално со Бугарија би можеле да владеат, меѓу другите, и Македонци благодарејќи на двојните државјанства.
Оваа година повторно има многу ‘нови’ Бугари – тие добија бугарско државјанство со одлука. Тоа се луѓе од Турција, Украина, Македонија, а од неодамна се зголемуваат барањата за бугарско државјанство од Израел. Од 2019 година над 87.000 луѓе зедоа бугарско државјанство. Јасно е дека не сите од нив се од бугарско потекло, тие едноставно ги користат дупките во законот. Многумина од Украина и Израел сакаат и добиваат бугарско државјанство, како и многу Турци.
Comments are closed for this post.