Го погодила песната од Саша Ковачевиќ: Момче од Крива Паланка ја нападна полицијата

Младо момче од Крива Паланка е уапсено поради напад врз полицајци на Градскиот стадион. Според информациите на МВР, инцидентот се случил на 30.08.2025 година, околу 01:30 часот, кога 22-годишниот Т.Ј. физички се нафрлил врз полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Неофицијално настанот се случил по настапот на српскиот пејач Саша Ковачевиќ.
Напаѓачот бил веднаш лишен од слобода од страна на полициските службеници на ОВР Крива Паланка. Од Министерството за внатрешни работи најавија дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против уапсениот
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






Comments are closed for this post.