Ракометарите на Охрид вчеравечер го совладаа Партизан со 30:25 и ја запишаа втората победа на Меморијалниот меѓународен турнир „Крсте Андоновски“.

Најефикасни во домашниот тим беа Иванковиќ со осум и Ѓукиќ со шест гола.

По оваа победа охриѓани се на чекор до финалето. Охрид во последното коло од групната фаза се среќава со Нексе и доколку забележи победа ќе игра во големото финале што на програмата е во сабота.

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во првото коло одигра нерешено 32:32 со Тримо Требње од Словенија.

Вечер битолчани ќе се соочат со Вардар.